Македонија

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Mazedonien | Бр. на страни: 512 | Димензии: 240х170 | Корица: мека

Извонредна патописна, научна и документарна книга за Македонија од Германецот Франц Дофлјан, кој во 1917 и 1918 г. ја истражувал Македонија. Овој труд е еден од најобемните, најбогатите со фактографија и најубавите трудови напишани од странски автор за Македонија. Првпат е објавен во 1921 година во Германија, а во Македонија сега е првпат публикуван и досега беше непознат за пошироката читателска, па дури и за научната јавност. Франц Теодор Дофлајн (1873-1924) е еден од најголемите германски зоолози во почетокот на 20 век, кој во 1917 и 1918 година ја истражувал Македонија и за неа оставил извонредна патеписна, научно описна и документарна книга. Книгата содржи и 296 фотографии, цртежи и други графички прилози, во најголем дел снимени и изработени од авторот. Франц Дофлајн, за време на Првата светска војна, бил еден од најзначајните членови на т.н. 'Македонска земска комисија', составена од 30 Германци и шестмина Бугари, која имала задача за време на војната да ја истражува и проучува Македонија, која за Германија, па и за Европа, дотогаш била најмалку позната европска територија. Комисијата била составена од научници од различни области – археолози, географи, геолози, етнолози итн. Формирана била по налог на германското министерство за надворешни работи и било планирано од собраните материјали да се публикува енциклопедија, која изостанала поради поразот на Германија, но е добиен овој извонреден историски, научен и патописен труд.
Рангирано 5.00 од 5 според 5 рејтинзите на корисниците

Цена: 600 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Македонија

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-012-0

Questions and Answers

You are not logged in