Македоника бр.23-24
Автор:
Група автори
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Македоника бр.23-24 |
Бр. на страни:
150 |
Димензии:
240*165
|
Корица:
мека
Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови тематски поврзани со Македонија. Владимир Јанев пишува за демографската состојба во Македонија од 18 до почетокот на 20 век, во кој се изнесени голем број демографски податоци за населението на Македонија од различни извори. Во овој број се објавени и неколку текстови за значајни личности од македонската книжевна и културна историја на Македонија од 19 и 20 век, и тоа Славчо Ковилоски објавува запис, односно прави своевиден портрет на Марко Цепенков, Дарин Ангеловски пишува за Григор Прличев, со посебен акцент на Прличевите препеви на Хомеровата Одисеја, Васил Тоциновски пишува за Кочо Рацин и изнесува некои нови и досега непознати податоци за Рацин, додека пак Мирче Нешовски пишува за Никола Јонков Вапцаров и за неговото поетско вознесение спрема Македонија. Александар Симоновски прави анализа на паралелите меѓу АВНОЈ, Светосавскиот конгрес и АСНОМ во контекстот на прашањето на борбата за македонска државност, а Марјан Ивановски за македонското национално малцинство во Бугарија, осврнувајќи се на анализите на комисијата за меѓународни врски на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија и на СО на ССРНЈ во 1957 година. Предраг Димитровски пишува за „тајната дипломатија“ за дедо Михаил (архиепископот Михаил), а Марја нИвановски пак за односот на организацијата ДООМ и на Драган Богдановски спрема другите емигрантски организации. Во овој двоброј на „Македоника“ се објавени и повеќе британски документи Македонија а ко исе однесуваат на периодот 1903 – 1904 година. Објавени се два рецензентски осврта на Ана Витанова-Рингачева за две книги тематски поврзани со Македонија, како на еден осврт на младиот хрватски македонист Ивица Баковиќ. На крајот се објавени и куси библиографски податоци на нови публикации за Македонија
Оценки
Сѐ уште нема оценки.