Македонски иселенички меридијани

Издавач: Македонска Искра | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Македонски иселенички меридијани | Бр. на страни: 592 | Димензии: 24 | Корица: /

Обемното дело „Македонски иселенички меридијани“ е плод на повеќегодишни истражувања, патувања и континуирано  следење на оваа доста суптилна, многузначна  и актуелна повеќедецениска и интерконтинентална тема. Делото е еден вид алманах посветен на дел Македонци, чии корени се од сите делови на македонската земја, а кои го обележале своето време во христијанството како религија на Македонците во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија и во печалбарска Преспа. 
По повеќегодишна работа излезе од печат ова книга, која е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Таа е еден вид именик, или  биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на околу 150 личности од македонско потекло, кои свиле нови гнегда на различни страни на светот. 
Инаку, изборот на личностите кои се претставени зависел од нив, од нивните критериуми, пробови, дела и постигнувања. Со оглед на средината за која и се наменети и на очекуваното влијание врз свеста на луѓето во таа средина направив самостоен избор. Второ, тоа што посебно треба да се нагласи за ова дело е фактот дека во него се застапени имињата на дел од голем број живи личности, активни творци, најголем дел од нив родени во Македонија или, пак, дошле да живеат во неа и го посветиле својот труд, талент и љубов, како и личности кои денес не се меѓу живите. 
Со прелистување на страниците на ова дело читателот, макар површно ќе се запознае со нив и нивните  дела, со придонесот што го имаат  во македонското иселеништво, а особено нивниот придонес што го имаат  за Македонската православна црква, Охридската архиепископија, како и на други аспекти врзани со македонскиот народ и на етничка Македонија.

Цена: 1500 ден

199 на залиха

Спореди
Продавач Македонска искра

Report an abuse for product Македонски иселенички меридијани

Категорија:
ИСБН: 978-608-202-056-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Македонски иселенички меридијани”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in