Малата голема точка
Автор:
Цане Андреевски
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Малата голема точка |
Бр. на страни:
104 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
„На страницата од тетратката за домашни задачи се сретнаа две точки. Не точки од некој сок или од остатоци од чоколадо. Тие повеќе би се нарекле дамки, што ги има по многу тетратки. Разбирливо. Кога се пишува домашна задача, истовремено се пие и се јаде, па – се случува и страницата од тетратката да добие некој свој заслужен дел. Овие се писмени точки, зашто специјално се описменети да служат во редовите на писменото искажување, какво што е во книгите, во писмата, во весниците и слично.“ Во книгата „Малата голема точка“ од Цане Андреевски се случуваат уште многу вакви средби, каде што главни улоги, покрај точките, се и прашалникот, извичникот, запирката, трите точки и другите „членови“ на „интерпункциската елита“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.