Материјали за градежни инженери и инфраструктура

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Materials for Civil and Construction Engineers | Бр. на страни: 600 | Димензии: 175x235 | Корица: /

Иако некои инженери се вклучени во процесот на планирање, сепак, за најголемиот дел од нив од посебен интерес се процесите на проектирање, изведба и на одржување. Заеднички именител на сите овие процеси е потребата за разбирање на однесувањето на материјалите и нивните карактеристики. Иако нема потреба инженерите да бидат експерти за материјали, сепак, неопходно е да имаат основни познавања за однесувањето на материјалите како би можеле што поквалитетно да извршат нивна селекција.
Михаел С.Малмук
е професор по градежништво и по животна средина при Универзитетот во Аризона. Има раководено со многу проекти и член е во повеќе професионални асоцијации.
Џон П.Заниевски
е професор по асфалтна технологија на Катедрата за градежен инженеринг и за инженеринг на животната средина при Универзитетот во Западна Вирџинија. Директор е на локалната програма за технолошка помош и активен член во едукативниот совет за автопатишта.
Авторите го презентираат материјалот во три дела: вовед во инженерските материјали, карактеристики на материјалите што се користат во градежништвото и лабораториски методи за проценка на материјалите. Во првиот дел се дадени информации за основните механички својства на материјалите, нивната класификација и влијанијата од околната средина. Вториот дел, кој воедно е и најголем дел од оваа книга, детално се анализираат челикот, алуминиумот, бетонот, асфалтот, дрвото и разни примеси што се користат како градежни материјали. Последниот трет дел содржи само основни информации за методите со кои се тестираат својствата на градежните материјали, но се дадени насоки каде можат целосно да се извршат таквите тестирања во организации што се за тоа акредитирани и стручни.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2900 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Материјали за градежни инженери и инфраструктура

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-306-6

1 оценка за Материјали за градежни инженери и инфраструктура

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in