Мавзолеј
Автор:
Ружа Лазарова
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Mausolée |
Бр. на страни:
270 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Бугарија, од 1944 до 1990 година. Половина век на комунизмот, на стравот и на предавствата, кога молчењето било парола за преживувањето. Габи, ќерката Рада и внуката Милена преживуваат. Со презир и потсмев кон режимот и неговите бесмислености, Милена ги раскажува болките и радостите на својот живот и на животите на нејзината мајка и баба. За секоја жена, ударите на режимот се речиси неподносливи. Габи ги искусува пречестите умирања и исчезнувања на своја кожа: нејзиниот сопруг, џез-музичар, е уапсен а потоа убиен заради „опасната“ професија - да ја забавува капиталистичката елита, а кога повторно се вљубува, го апсат и него поради неговиот „нонконформизам“. Постоењето на Рада е затруено од фаустовскиот пакт што мора да го склучи - да известува за нејзините колеги во замена за неопходните лекови за нејзината мајка. Детството на Милена, како и на повеќето што растеле во овој режим, е полно со забрани и необјасниви правила. Но покрај болката што ја наследува од мајка ѝ и баба ѝ, го наследува и нивниот непокорен дух.Приказните на овие жени го отсликуваат ужасното влијание на една тоталитаристичка влада врз животите на државјаните. Со суровост, шеговитост и топлина, Ружа Лазарова ни раскажува фасцинантна и потресна лична приказна, како споменик за сите оние што исчезнале во мавзолејот на тишината.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.