Медитерански синестезии
Медитерански синестезии претставува избор од есеистичкото творештво на Анастасија Ѓурчинова создаванo во периодот од последнава деценија. Книгата е пресек на нејзините академски, научно-истражувачки и книжевно-критички интереси кои, главно, се движат во насока на италијанистиката, македонистиката и компаратистиката.
Авторката практикува есеистички пристап кој подразбира извонредно вешта комбинација на научното знаење и личното раскажување. Есеите се акрибични, оригинално херменевтички фундирани, но и лични, чувствени, интимно доживеани, во духот на мислата на мексиканската авторка Глорија Анзалдуа, повеќекратно цитирана низ страниците на оваа книга: „теориите доаѓаат од чувства, од оние нешта што те накострешуваат и те вознемируваат“.
Медитерански синестезии се одликува со мошне истенчен вкус и усет за најневралгичните книжевни феномени, но и со јасна критичка свест за интерлитерарните и интеркултурните односи, релации и предрасуди. Оваа мозаична книга претставува извонредно значаен придонес за македонската култура во целина.
Лидија Капушевска-Дракулевска
Оценки
Сѐ уште нема оценки.