Меѓународно приватно право, Том 2
Авторите Доминик Буро, професор по право на Универзитетот Париз II и Хорација Муир Ват, професор по право на Универзитетот Париз I, ја објаснуваат француската доктрина во однос на меѓународното приватно право кое е гранка од правото што има за цел да управува со правните релации кога станува збор за странски елемент, да ги регулира условите за добивање француско државјанство и да го дефинира правниот статус на странците во Франција.
Во текстот се разработени следниве теми: статусните односи (меѓународниот статус на поединецот и на имотот), семејно-правните односи (брак и формирање потомство – родителска одговорност кон детето), имотно-правните односи (имот стекнат во брачна заедница и наследство), економски односи (договорни односи – облигации и вондоговорни односи), претпријатијата (трговски друштва и претпријатија што работат со потешкотии).
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Меѓународно приватно право, Том 2
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –