Методи кои се употребуваат во контролирани студии на случај: Дизајн и употреба
Во изминатите 50 години, контролираните студии на случај станаа најважни алатки за истражувачите на здравствените проблеми. Овие студии се однесуваат на лица што се заболени и на соодветна контролна група лица што ја немаат таа болест.
Авторот на оваа книга, д-р Хароутун К. Армениан е професор по епидемиологија при Универзитетот од Лос Анџелес, Калифорнија, но и почесен професор по епидемиологија на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Воедно, тој е и претседател на Американскиот универзитет во Ерменија.
Врз основа на неговото искуство, кое е подолго од 20 години, стекнато при неговите предавања за методите што се користат во контролирани студии на случај, покренува голем број општи и специфични прашања што се однесуваат на методите во контролираните студии на случај, како и на други студии базирани на случај, односно:
а) Како да се дизајнира и да се имплементира контролирана студија на случај што ја сведува пристрасноста на минимум;
б) Како да се анализираат и да се интерпретираат податоците од овие студии
в) Како да се употреби методот во различни ситуации.
Книгата прикажува богатство од примени на методите што се користат во контролираните студии на случај и во студиите базирани на случај, во областа на истражувања на епидемии, генетска епидемиологија, проценка на интервенциите, проценка на скрининг-програмите итн. За да може да се користи оваа книга треба да се има основни познавања од епидемиологијата и од биостатистиката. Во неа се дадени доволно длабоки објаснувања и дискусии за позитивните и за негативните страни на контролираните студии на случај.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 оценка за Методи кои се употребуваат во контролирани студии на случај: Дизајн и употреба
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –