Микроконтролери за почетници 1
Автор:
Добре Блажевски
Издавач:
Емитер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
Микроконтролери за почетници 1 |
Бр. на страни:
60 |
Димензии:
A5
|
Корица:
мека
Што е микроконтролер, преглед на најпознатите микроконтролери, детален опис на PIC16F84, проекти за самоградба на програматор и неколку други електронски уреди. Содржините на брошурата "Микроконтролери 1" од Добре Блажевски започнуваат со основната теорија за микроконтролерите (Основи на дигитална електроника, Што е микроконтролер, Преглед на најпознатите микроконтролери), по што следува детален опис на микроконтролерот PIC16F84(A), проект за самоградба на програматор за повеќе типови PIC микроконтролери и упатства за користење на придружниот софтвер за преснимување на готова програма во микроконтролерот. Последниот дел е наменет за проекти на неколку електронски уреди со PIC микроконтролери (мелодичен микроконтролер, кодирана брава и движечко светло) за кои е обезбедена и бесплатна програма за PIC-от. За успешно да се совладаат содржините на оваа брошура доволно е читателот да има само основни познавања од електрониката. Како што може да се забележи, брошурата е наменета за електроничари кои немаат искуства со микроконтролерите и кои со нејзина помош на лесен начин ќе влезат во светот на микроконтролерите, ќе се запознаат со нивните основни составни делови и со начинот на работата, како и со постапката за снимање (запис) на готова програма во микроконтролерите. На тој начин секој електроничар - читател на оваа брошура во иднина ќе може успешно да го изработи секој проект во кој е вклучен микроконтролер, а за кој се нуди готова (обично бесплатна) програма, што е вообичаена пракса во ЕМИТЕР и во странските списанија за електроника.
1 оценка за Микроконтролери за почетници 1
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –