Митови од целиот свет : тематска енциклопедија

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Myths of the world : a thematic encyclopedia | Бр. на страни: 337 | Димензии: 24 см | Корица: /

Самиот збор мит потекнува од грчкиот збор mitos кој во најширока смисла на зборот значи материјал за усната традиција. Но во митовите има многу повеќе материјал од обични мелодрамски измислици; во нив има остроумни мисли за натприродното и човечкиот живот, заемното дејство на Боговите и другите категории суштества. Многу од митовите нѐ учат на морал и човечко достоинство, на лојалност, смелост, ентузијазам кога сме исправени пред, навидум, непремостливи тешкотии. Некои од митовите нѐ учат и нѝ даваат мотив за упорност и сила никогаш да не се откажуваме. А добар дел од нив се едноставни забавни и интересни како приказни за читање. Митови од целиот свет на читателот му нуди вистинска ризница од преданија кои биле прераскажувани од колено на колено со стотици и илјада години. Една од причините поради кои ми се допаѓа оваа книга е секако тоа што сакам митови... Сакам убави приказни кои те тераат да веруваш дека апсолутно сѐ е можно. Ги обожавам старите митови кои сме ги учеле уште во школските денови, но ги сакам и модерните преработки на старите митови кои внесуваат во традиционалните приказни некои мотиви од 21 век... Втора причина поради која ми се допаѓа оваа книга е тоа што таа не е само книжуле од педесеттина страни туку е книга која има околу 350 страни, но голем формат за разлика од стандарниот формат за печатење на книги. Како една мала енцоклопедија таа не ти дозволува скратување на задоволството за само неколку часа туку напротив, дозволува истото да потрае. Морам да кажам за фанатиците како мене кои секој ден „фрлаат“ по некој поглед на своите полици за книги дека таа одлично изгледа таму - со секој поглед на големата книга МИТОВИ од целиот свет, те скокотнува во стомакот секоја една приказна за нешто што се случувало многу пред да знаеме за себе... трета причина поради која уживав во оваа книга е тоа што самата книга е совршено добро поделена, категоризирана и секој мит класифициран според одредени критериуми така што не морате да ја читате по ред... Доколку ве интересира некоја тема особено, можете лесно да се снајдете за да дојдете до истата и да го читате веднаш она кое најмногу ве интересира. Па така, оваа книга е поделена на: Митови за создавањето Митови за сонцето и месечината Митови за детството Епски митови Љубовни митови Митови за смртта и животот на другиот свет Митови за пожари и поплави Митови за бесмртност, и мноооогу други теми. Исто така, самата книга е поделена според потеклото на митови па овде можете да најдете предисториски северноамерикански митови, јапонски, скандинавски, грчки, сибирски, кинески, келтски... Мислам дека ви кажав и повеќе од доволно. Па ако сте љубител на митови останува уште да ви кажаме дека ова е книга која мора да ја имате во својата колекција...

Цена: 650 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Митови од целиот свет : тематска енциклопедија

Категорија:
ИСБН: 978-9989-39-281-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Митови од целиот свет : тематска енциклопедија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in