Моите ноќни возови

Автор: Ерик Фај
Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Mes trains de nuit. | Бр. на страни: 183 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Ерик Фај во „Моите ноќни возови“ нè повикува на ноќно, уверливо патување со возови низ Европа и Азија (од Париз, Прага, Москва, до Владивосток, Монголија, Пекинг...) во времето пред падот на Берлинскиот ѕид и крајот на Варшавскиот пакт. Возот го продолжува својот пат меѓу два различни света, обликувани од анахроните императиви на иделогиите, непомирливоста на режимите, светските антагонизми. Тоа возовите го чинат секојдневно и секогаш со нови патници. Секој од нив минува од едно во друго доживување. Ерик Фај настојува да биде уверлив записинчар на нивните судбини. Низ една ретка идеја, да ги поврзе асоцијативните импресии и размисли низ пругите во еден вид „среќна полноќна инсомнија“, авторот нè поведува низ свет со граници кои го изгубиле своето некогашно значење, низ простори на империи кои повеќе не постојат, низ идеологии кои непомирлво се држат на старите позиции, низ цивилизации коишто ги задржале знаците на некогашното постоење. Тој ги поврзува хрониките за белешките од долгите коридори на вагоните од возовите преполни со различни ликови, кои ја играат полноќната улога на своите народи.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Моите ноќни возови

Категорија:
ИСБН: 978-608-261-076-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Моите ноќни возови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in