Мојот татко Пабло Ескобар

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Pablo Escobar - mi padre | Бр. на страни: 301 | Димензии: 21 цм | Корица: мека

Ако некоја семејна хроника е историја на тишината, потребно е да помине време за да одекне грмотевицата на вистината.

Дали најголемиот криминалец во поновата историја го убиле припадниците на колумбиската полиција или на американската тајна служба, ривалите од непријателскиот кокаински клан или, сепак, постоела уште некоја можност?

Оваа и другите тајни, кои се сочувани и покрај многубројните играни и документарни филмови и серии инспирирани од кокаинскиот мегабос, се расветлени дури кога авторот на оваа книга, Хуан Пабло Ескобар, се решил докрај да проговори за својот татко. Дури сега се обелоденува вистината за учеството на некои од најблиските роднини во смртта на неумоливиот гангстер и веродостојно се зборува за тоа каков бил тој приватно, а каков како политичар.

Оваа биографија, која фактите ги црпи од самиот извор, открива со што Ескобар влијаел врз многу мафијаши од други земји, па и од Балканот, и како е создаден култот на неговата личност кај многумина Колумбијци кои и ден-денес масовно го посетуваат неговиот гроб. Контроверзниот живот на Пабло Ескобар и тешкото наследство, кое авторот Хуан Пабло сѐ уште го носи, создаваат возбудливо четиво кое за многу кратко време стана планетарен бестселер

Цена: 450 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Мојот татко Пабло Ескобар

Категорија:
ИСБН: 978-608-4569-42-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мојот татко Пабло Ескобар”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in