Мокингџеј

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Mockingjay | Бр. на страни: 345 | Димензии: 21x14 | Корица: мека

Па, да. Навистина е големо чудо што Кетнис е жива по второто учество во Игрите. На 75-тите Игри на гладните, трибутите се избрани од сите живи победници кои досега победиле на Игрите. Тоа без извлекување ја враќа Кетнис назад во арената, бидејќи таа е единственото девојче кое победило на игрите од нејзиниот реон. Со ова Капитол мисли дека таа нема да се извлече, дека овој пат смртта за неа е сигурна. Но, уште еднаш, работите не одат по плановите на Капитол. Кетнис Евердин, девојката која гореше, преживеа и покрај тоа што многумина ја сакаа мртва... преживеа и покрај тоа што нејзиниот дом повеќе не постои... преживеа и покрај тоа што Капитол го киднапира човекот за кој се заколна дека ќе го заштити, па макар и по цена на сопствениот живот. Катнис е спасена заедно со уште неколку учесници и однесена во 13от реон за кој сите мислеа дека е уништен. Реон 13 навистина постои. Кетнис, заедно со своето семејство и Гејл мора да го прифати животот во Реон 13. Но исто така мора да ја прифати својата улога на мокингџеј - симбол на револуцијата која е веќе во полн ек. Девојката која гореше долго време била дел од таа револуција без да биде свесна за тоа. Во 13от реон живеат луѓе кои имаат многу современо оружје и своја претседателка која се подготвува да стане лидер на Панем откако ќе победат во војната. 12от реон е целосно уништен, а Пита е заробен во Капитол каде што го измачуваат и пробуваат да извлечат од него информации за востанието кои тој ги нема. Сега, Кетнис дише со две цели во себе. Да го спаси Пита од ужасните канџи на Капитол и да го убие претседателот Сноу - оној кој ги создаде Игрите на гладните. Кога имате неколку секунди да размислите пред да донесете одлука, дали ќе го изберете она што е правилно? Кетнис е роден лидер, а важна особина на лидерите е да носат брзи и исправни одлуки без оглед на се! Таа ќе ја промени иднината на Панем и на целиот свет. Како? Тоа ќе дознаете самите! ...„Погледни, претседателе... Огнот се раѓа! И ако ние гориме, ти ќе гориш заедно со нас!“... Мокингџеј е извонреден крај на неверојатна трилогија.
Рангирано 4.60 од 5 според 5 рејтинзите на корисниците
(5 оценки на корисници)

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Мокингџеј

Категорија:
ИСБН: 978-608-4672-00-5

5 оценки за Мокингџеј

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 4 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 4 out of 5

    ЦВЕТАНКА ЃОРЃИЕВА (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    biskovski18@gmail.com

    Одлично продолжение, трилогија која ме воодушеви со својата оригинална приказна, неверојатните случки и ликови 🙂

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in