МОСТ
Автор:
Борис Апостолов
,
Борис Апостолов
Издавач:
Менора |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
МОСТ |
Бр. на страни:
293 |
Димензии:
Б5
|
Корица:
тврда
Романот „Мост“ е современ македонски роман, во кој се расправа за судбината на едно момче, кое, соочувајќи се со потешкотии во животот, ќе сака да се самоубие со скокање од мост во река. Идеја за овој роман се базира на вистински случај во Австрија, кога едно момче исто така сакало да се самоубие со скокање во реката и, кога скокнало во водата, еден човек ќе се обиде да го спаси.Патем, дали при скокањето или во водата, момчето се премислува, а спасителот се удавува во реката. Алтруистот Методија, кој ќе го спаси момчето да не се фрли во реката, на крајот од романот ќе се самоубие со даење во реката. Причината е хаварија на објектот на кој работи и неверството на неговата жена со вработени од фирмата, како и неговата ќерка која ќе се вљуби во момчето. Меѓу момчето, жената на Методија и ќерката ќе се создаде љубовен триаголник и тоа ќе биде причина за жестока расправија меѓу мајката и ќерката, на која, изнемоштен и немајќи сили да ја спречи расправија, ќе присуствува Методија. Но, да не опишувам повеќе. Во посмодернизмот, вакви процеси одат од градација, до дегрдација на едно семјство.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.