Мостот на Небесата
Автор:
Ш. И. Хсиунг
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
The Bridge of Heaven |
Бр. на страни:
332 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
мека
Социјален, духовит и сатиричен роман, базиран на реални и вистински историски настани. На извонреден, ненаметлив и мајсторски начин, авторот го запознава странскиот читател со кинеската култура, обичаите, традицијата и општествените настани во периодот од крајот на 19 и почетокот на 20 век, во бурните и драматични настани по кои Кина од царство станува република. Ш. И. Хсиунг е кинески писател, преведувач и универзитетски професор. Тој е првиот кинески писател чие драмско дело е поставено во театар во Лондон и е првиот декан на колеџот Цин Хуа во Хонгконг. Еден е од тројцата најпопуларни кинески писатели надвор од Кина во дваесеттиот век. Во 1932 година се преселил во Англија. Со својата драма „Дамата Драгоцена Река“, напишана на англиски јазик според кинеска оперска претстава, а поставена во театар во Лондон, тој доживеал огромен и молскавичен успех. Таа драма потоа била изведена во Швајцарија, Ирска, Германија и во други европски земји. Била поставена и во Њујорк, САД, а во 1950 година била филмувана. Хсиунг напишал уште неколку успешни дела, иако тие не го постигнале успехот на „Дамата Драгоцена Река“. Автор е на следните книги: „Дамата Драгоцена Река“ – 1935, „Романса во западната соба“ – 1935, „Професорот од Пекинг“ – 1939, „Мостот на Небесата“ – 1943 и „Животот на Чанг Каи-Шек“ – 1948. Својата голема афирмација како писател првин ја стекна во странство (Англија), па дури потоа во Кина, каде што веќе беше респектиран како преведувач и универ¬зитетски професор. Неговите дела, кои во основа многу суптилно и од втор план ги афирмираат кинеската култура, традиција и историја, па првенствено беа атрактивни и привлечни за странските читатели, многу подоцна станаа популарни и кај кинеските читатели. Така, романот „Мостот на Небесата“ првпат на кинеска територија беше објавен во 2012 година. Англиското издание на „Мостот на Небесата“ првпат беше објавено во Лондон, во 1943 година, значи – во текот на Втората светска војна, кога употребата на хартијата била ограничена заради воената економија. И покрај воената атмосфера, книгата само за еден месец била продадена во десет илјади примероци. Таа постигнала голем успех во Англија, така што само првите три години доживеала дванаесет изданија, а подоцна е преведена на француски, германски, холандски, шведски и шпански јазик.
Questions and Answers
You are not logged in