МотивАкција Без Граница
Автор:
Смиљан Мори
,
Смиљан Мори
Издавач:
БигУ Академија |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
MotivAkcija Bez Granica |
Бр. на страни:
257 |
Димензии:
13,5х23,5
|
Корица:
/
Што, Вас, како и многу други ве спречува да одговорите на животните предизвици, без разлика дали се големи или мал? Што е тоа, што би Ви помогнало да го подобрите личниот и професионалниот живот, а да притоа им помагате на другите? Акцијата ја спречуваат многу работи и уште повеќе изговори, но -дали се тие вистински и оправдани? Што ако можете да научите, како да ги совладате препредките и изговорите или како тоа едноставно да го направите? Најпрво морате во целост да се запознаете себе си. Ако знаете што е тоа што ве кочи, на право место сте да направите чекор напред. Истото важи и за мотивирањето на други луѓе. Овој принцип Смиљан Мори го претставува во својата втора книга од револуционерната збирка Мотивакција™. Книгата е забрзан курс за мотивација на луѓе и става акцент на она што можете да го направите ако знаете што е тоа што ве кочи. Кога ќе ја научите мотивакцијата, ќе можете да помогнете секому, секаде и секогаш! Ќе научите: да разберете што сакате и што ве спречува во тоа да направите план на акција кој ќе ве доведе до целта како да ги совладате депресијата, гневот и другите начини на размислувања кои ве ограничуваат како да се решите од лошите навики, да бидете попродуктивни и да направите се што е потребно за успех да ги мотивирате другите за акција Подгответе се за движење напред, МотивАкција СЕГА!
Questions and Answers
You are not logged in