Мултиверзум за почетници
Автор:
Златко Василкоски
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Мултиверзум за почетници |
Бр. на страни:
288 |
Димензии:
145/205
|
Корица:
тврда
Краток опис
Како математиката нужно води кон противречности?Каде универзумот е „згрутчен“, а каде „мазен“?Што имаат заедничко „Епот за Гилгамеш“ и „Сердарот“ на Григор ПрличевКако го знаеме она што го знаеме за вселената?Како Галилеј се сетил на релативноста векови пред Ајнштајн?Што е вакуумот, според квантната теорија на поле?Каква е врската помеѓу бурекот и Зеноновите парадокси?Зошто фундаменталните природни закони се онакви какви што се?На кој начин берзите потекнуваат од кафеаните?Кои се најновите достигнувања во областа на истражувањето на вселената?
Одговорот на овие, но и на многу други прашања, ќе го добиеме од „прва рака“, од предавач на најпрестижните универзитети во светот, како Харвард и МИТ, и човек кој е на „ти“ со врвните светски авторитети областа на природните науки. За фасцинантните вселенски теми авторот е во непосреден контакт со изворите на знаењата со кои може да се пофали современото човештво.
Книгата „Мултиверзум за почетници“ е првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик. Авторот, Златко Василковски, е горд велешанец кој на своите студенти во Харвард и на колегите ширум светот со љубов им раскажува за својата Македонија и за својот Велес.
Оваа книга, покрај тоа што е напишана на разбирлив јазик и неоптоварена со несовршеностите на преводот, е и исклучително актуелна, опфаќајќи и научни сознанија до кои е дојдено во 2021 година.
Мартин Карплус, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2013 година, за книгата на Златко ќе каже: „Ме воодушеви големата сеопфатност на книгата. Почнувајќи со потеклото на нашиот универзум, проследено со создавање на животот на Земјата, човековата цивилизација, па сè до денешната наука и идејата за мултиверзумот. Уште поважно е што овие идеи се многу јасно изложени, што ги прави достапни за читателите кои имаат само минимално разбирање на денешната физика“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.