Музика и муабети : колекција на музички интервјуа

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Музика и муабети : колекција на музички интервјуа | Бр. на страни: 350 | Димензии: 21 | Корица: мека

Поминаа времињата од шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век кога музиката беше најважното нешто на светот, барем за младите од тоа време. Собирањето плочи, купувањето „хај-фај“ опрема и грижата за добриот звук денес изгледаат како дисциплини од средниот век. На нашите мобилни телефони, музичките апликации се само едни од многуте шарени икончиња.МП3-фајловите се практични, но и навредливи за љубителите на сериозниот звук... Но, за среќа, сè уште постојат луѓе што длабоко ѝ се посветени на музиката и на нејзините протагонисти од која и да е страна на сцената.             Еден од оние ретки поборници за добриот вкус овде кај нас е токму Ненад Георгиевски, кој во меѓувреме се избори за своето место под сонцето во областа на музичката критика и есеистика. По последните неколку години или, веќе, децении, тој се занимава со сериозна и прецизна анализа на сè што е интересно од светот на музиката.           Неговите елоквентни есеи што се објавувани на порталот „All About Jazz“ се вистинско уживање за оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за некој автор, изведувач или за некој концерт или издание. Во оваа книга, тој внимателно ги селектирал разговорите што ги водел со многу значајни имиња од денешната музика. Интервјуата знаат да бидат вистинско мачење за уметниците, но, од друга страна, и интересна провокација доколку прашањата имаатсмисла и доколку ретко се поставуваат.             Тешко е да одговараш на клишеа и на стереотипи, но задоволство е да добиеш прашање што ќе те натера на размислување и на оригинален одговор. Очигледно, Ненад темелно се подготвува за секој разговор, а неговите прашања претставуваат креативна провокација з

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Музика и муабети : колекција на музички интервјуа

Категорија:
ИСБН: 978-608-4780-40-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Музика и муабети : колекција на музички интервјуа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in