На погрешната страна
Автор:
Пајо Авировиќ
Издавач:
Чудна шума |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
На погрешната страна |
Бр. на страни:
96 |
Димензии:
А5
|
Корица:
мека
Потесен избор за наградата „Браќа миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2020 година. Стихозбирката „На погрешната страна“ е своевиден амалгам на вештината на управување со зборот на авторот и насобраната мудрост, пренесена преку кристално чисти и бескрајно хумани пораки. Стиховите на Авировиќ никого нема да остават рамнодушен. Тие удираат директно во стомакот и срцето, при тоа интензивно делувајќи врз мозочните клетки. Со други зборови, „На погрешната страна“ го има оној непроценлив квалитет, неопходен за секоја врвна уметност – ве тера на размислување, при тоа приредувајќи ви непроценливо естетско искуство. – Sвездан Георгиевски, рецензент
Questions and Answers
You are not logged in