На работ од паметот

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Na rubu pameti | Бр. на страни: 263 | Димензии: 200x130 | Корица: мека

„На работ од паметот“ е приказна за оние што барем еднаш се запрашале дали секоја борба за вистината е залудна, ако општествената стварност се темели на лицемерие и глупост. Ова е приказна и за оние што никогаш не се помириле со таквата стварност. Најпосле, ова е приказна за поединецот што одлучил да се соочи со таквата стварност и да ѝ се спротивстави. Во овој извонреден роман на Мирослав Крлежа е прикажана индивидуалната побуна на раскажувачот, средовечен интелектуалец – доктор по право, кој еден единствен пат се осмелил да го каже гласно она што навистина го мисли. Во калеидоскопот на еден живот, во оваа своевидна библија на нонконформизмот, ја следиме инсценацијата на општествените механизми во кршењето на секој вид отпор против злото, лагата и лицемерието. Пукнатината на сликата на малограѓанскиот свет во кој живее главниот јунак на овој роман почнува да се шири во сите правци, а неговата желба да живее автентично, да излезе од светот заплеткан во цел систем од лаги, бидува сурово казнета од правните инстанци на општеството потонато во глупост и зло. „На работ од паметот“ и денес веројатно е најактуелното дело на овој исклучително плоден и смел автор, кој – како вистински ангажиран интелектуалец – во текот на целата книжевна кариера не се плашел во своите дела да ги тематизира најважните проблеми и настани на епохата во која живеел.

Цена: 600 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product На работ од паметот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-76-4

Questions and Answers

You are not logged in