Надвор од границите: (размислувања за личноста и системот)

Издавач: Макавеј | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Надвор од границите : (размислувања за личноста и системот) / Епископ стобиски Давид (Нинов) | Бр. на страни: 115 | Димензии: А5 / 21 cm | Корица: мека

Јавниот простор во којшто човекот на нашето време се соочува со своите суштински предизвици, на пошироката, па дури и на интелектуалната јавност, не секогаш ѝ нуди целосна претстава за одредени поими, кои бездруго се битни чинители при обликувањето на погледот со кој човекот ќе го проценува своето постоење. Се разбира, тука влегуваат збир поими, кои го одликуваат и христијанството, од кое, не мал број луѓе од опкружувањето, дејствително или крајно површно, го црпат својот идентитет. Имајќи го реченото предвид, во книгата за која станува збор, Епископот стобиски Давид првин се осврнува на онтологијата на човековиот ум и неговата функција, а потем, во еден од носечките текстови „Личноста и системот“, ја опишува самобендисаноста на системот, кој го губи чувството за стварноста и потонува во хаос, та од таа позиција се труди да ја уништи слободната личност, да ја уништи различноста, да исчезне „ти“ и да остане само „јас“! Се разбира, во книгата се застапени и збир други теми со кои човекот на нашето време неизбежно се соочува, честопати еднострано, повлечен од инерцијата на неавтентичниот традиционализам, но важно е да се предочи дека нишката, која ги поврзува сите наслови, сепак се поимите личност и систем, без притоа да биде затворен просторот за дијалог во однос на овие клучни поими за човекот на нашето време.

Цена: 630 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Макавеј

Report an abuse for product Надвор од границите: (размислувања за личноста и системот)

Категории: ,
ИСБН: 978-608-205-501-5

Questions and Answers

You are not logged in