Најосаменото место
Автор:
Симеон Јанков
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Најосаменото место |
Бр. на страни:
185 |
Димензии:
20
|
Корица:
тврда
Кога станува збор за романот како жанр, читателот, по правило, во помала или поголема мера, не е рамнодушен кон постапките на главните ликови, нивните мисли, цели и мотиви, и најчесто им сочувствува на протагонистите во делото, и колку повеќе го копка нивната судбина, толку повеќе самиот читател се внесува во приказната и на ликовите им посакува среќна завршница. Меѓутоа, постојат отстапки од споменатото „правило“, особено кога читателот и самиот не е сигурен во мотивите и моралот на постапките на главниот лик. Романот Најосаменото место од Симеон Јанков е токму таков, во кој главниот лик е јас-наратор, чие чудно (но не и чудесно) доживување,во времето помеѓу посетата на еден навидум неинтересен културен настан, предвременото заминување од него и несакањето веднаш да се врати дома, кај сопругата, просто го тера, макар и накусо, да се посомнева во нејзината верност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.