Напредна хемија на млечни производи втор дел: липиди
Напредната хемија на млечни производи Втор дел: Липиди, трето издание, е единствена во литературата кога станува збор за областите од типoт на млечни липиди, широко поле што опфаќа различен опсег на теми, вклучувајќи ја и синтезата на масни киселини и ацилглицероли, соединенија поврзани со фракцијата на млечни масти, аналитички аспекти, однесувањето на липидите во текот на нивната обработка како и нивното влијание врз карактеристиките на производот, дефекти на производите што произлегуваат од процесите на липолиза и оксидација на липидите, како нутритивното значење на млечните липиди.
Повеќето теми што се вклучени во второто издание се задржани и во актуелното
издание, кое е збогатено и значително проширено. Новите поглавја ги покриваат
следните теми: Биосинтеза и нутритивно значење на конјугирана линоленска киселина, на што се обрнува огромно внимание во текот на последната деценија; Создавање и биолошко значење на оксистеролите; Мембраната на глобулите од млечна маст како извор на нутритивни и технолошки значајни производи; Физички, хемиски и ензимски модификации на млечната маст; Значење на маста кај млечните производи: кајмак, сирења, сладолед, млечни прашоци и формули за новороденчиња; Аналитички методи: хроматографски, спектроскопски, ултразвук и физички методи.
Комплетното излагање во рамките на ова издание дава едно резиме за веќе
постоечките сознанија од областа на млечни липиди и укажува на нови области што треба да бидат предмет на понатамошно истражување. Тоа е од големо значење за научните работници од областа, хемичарите и други што работат во истражувачката област или во индустрија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.