Нашиот луд мозок : што навистина ни подготвува умот
Автор:
Дин Бурнет
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
The idiot brain |
Бр. на страни:
325 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Невронауката ни дава забавни и интригантни одговори на прашањата зошто понекогаш нашиот сопствен мозок нè саботира.
Поради што губите во расправите со луѓе кои знаат многу помалку од вас?
Зошто никогаш не можете да се сетите на името на жената со која штотуку сте разговарале, иако сте ја препознале и точно знаете која е таа и кој ве запознал со неа?
И зошто, откако неодамна сте ја прекинале врската, со денови лежите склопчени на каучот, движејќи се само повремено да ги избришете солзите и носот кој ви тече?
На сите ни се случува да влеземе в кујна или да го отвориме лаптопот или самоуверено да застанеме на говорница и одеднаш да немаме поим што сме сакале да направиме. А сето тоа благодарение на тоа што мозокот решил да прави глупости.
Човечкиот мозок – толку блескаво паметен, толку високоразвиен – е особено збунет, погрешлив и неорганизиран. Дали знаете, на пример, дека вашето паметење е егоцентрично? Дека теориите на заговор и суеверието неизбежно се дел од еден здрав човечки мозок? Или дека алкохолот во извесна мера може да ви го подобри паметењето (само внимателно прочитајте ја книгава пред да решите лично да се уверите во ова)?
Во книгата „Нашиот луд мозок“ неврологот Дин Бурнет нè запознава со таинствената сива (и бела) материја, толку склона да прави будалштини и попатно ни го објаснува несовршенството на величествениот човечки мозок и како тоа несовршенство влијае на сè што правиме, говориме, доживуваме.
Стручна, духовите и забавна, оваа книга им е наменета на сите што понекогаш се прашуваат зошто родениот мозок им го саботира животот или што сега повторно смислил.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.