Наука за ДНК: Прв курс
Во овој прирачник ќе сретнете комбинација од илустриран и наративен текст со детали за 12 доверливи лабораториски експерименти од областа на молекуларната биологија, развиени во меѓународно реномираниот центар за проучување на ДНК „Доналд“, при Лабораторијата „Колд Спринг Харбор“. Повеќе од 10 години се користи прирачникот во наставата на разни истражувачки и неистражувачки колеџи, како и во колеџите со напредни средношколски програми по биологија.
Презентирани се основните техники за ДНК-рестрикција, трансформација, изолација и анализа. Спротивно на тоа, дадени се и техниките за конструирање и за анализа на едноставен рекомбиниран ДНК-молекул. Покрај наведените факти, авторите ги водат читателите и зад сцената на современите истражувања, запознавајќи ги со клучните луѓе од областа и нивните експерименти.
Автори на овој прирачник се Дејвид А. Миклос, извршен директор на Центарот за проучување на ДНК „Доналд“ при Лабораторијата „Колд Спринг Харбор“ и Грег А. Фрејер, вонреден професор по клинички науки за здравство под влијание на животната средина и професор по анатомија и клеточна биологија при Универзитетот „Колумбија“. Тие се со надеж дека ова нивно дело ќе ги инспирира професорите по биологија ширум светот да ја сфатат вредноста од давањето слобода на студентите да си ги „извалкаат рацете со ДНК“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 оценка за Наука за ДНК: Прв курс
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –