Наука за почвата (педологија) и менаџмент

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Soil Science and Management | Бр. на страни: 508 | Димензии: 207x276 | Корица: /

Оваа книга се карактеризира со разбирлив текст, без технички изрази, наменет за земјоделците и за екологистите, како и сите останати што имаат интерес за почвите и за нивното ефикасно користење. Содржи многу илустрации во боја и табели за полесен преглед на информациите. Во додатокот се објаснети основните хемиски поими што го прават текстот достапен и за читатели со слаби познавања од хемијата. Во неа се разработени концептите за менаџирање на почвата и на водата во урбаните средини.
Авторот Едвард Џ.Пластер го напишал овој текст сакајќи да исполни три основни цели: да го запознае читателот со почвените и со водните ресурси во САД и да обезбеди целосно признавање на значењето на овие ресурси, да направи спој меѓу педологијата како наука и практиката т.е. луѓето кои ја практикуваат и да ја истакне одржливоста на менаџментот со почвите и со водите преку најдобрите досегашни практики.
Покрај овие три основни цели, се провлекува и една четврта цел: да се посвети поголемо внимание на нашиот однос кон почвата во природата, со посебен акцент врз почвите во природните екосистеми. Поради с
è поизразените последици од глобалните климатски промени, авторот посветува повеќе внимание на врската меѓу почвата и климата и на ефектот што го предизвикуваат кај почвите климатските промени.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2900 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Наука за почвата (педологија) и менаџмент

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-046-1

1 оценка за Наука за почвата (педологија) и менаџмент

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in