Небесни стражи

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2004
Оригинален наслов: Небесни стражи | Бр. на страни: 62 | Димензии: 120х170 | Корица: /

„Исполнета со крупни, јадри поими и со беспоговорни синтагматски спреги, таа во својата длабина открива висок суптилитет, речиси кревка лирска тантела, небаре пајажина од најчисто лирско предиво. Тоа се куси и  збити лирски целости во кои сè е прочистено, проветрено и еднаш засекогаш стабилизирано на своето вистинско место. Неговата песна ни се препорачува и со очигледна интелектуална чистовина, со дефинирана позиција во согласност со сопствените лирски длабочини. Таа, бидувајќи песна, во себе неразлачно го содржи и сопственото самоспознание, со што ја открива здравата амбиција да биде убава, но исто така да биде и умна. Со други зборови, и досега познат како поет со елитистички склоности, со најновата книга `Небесни стражи`, Етернијан потврдува дека своето лирско писмо го адресира пред сè до високата читателска аристократија.“ (Санде Стојчевски)

Цена: 100 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Небесни стражи

Категорија:
ИСБН: 9989-2231-2-2

Questions and Answers

You are not logged in