Небесни стражи
Author:
Јовица Тасевски-Етернијан
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2004
Original title:
Небесни стражи |
Num. of pages:
62 |
Dimensions:
120х170
|
Cover:
/
„Исполнета со крупни, јадри поими и со беспоговорни синтагматски спреги, таа во својата длабина открива висок суптилитет, речиси кревка лирска тантела, небаре пајажина од најчисто лирско предиво. Тоа се куси и збити лирски целости во кои сè е прочистено, проветрено и еднаш засекогаш стабилизирано на своето вистинско место. Неговата песна ни се препорачува и со очигледна интелектуална чистовина, со дефинирана позиција во согласност со сопствените лирски длабочини. Таа, бидувајќи песна, во себе неразлачно го содржи и сопственото самоспознание, со што ја открива здравата амбиција да биде убава, но исто така да биде и умна. Со други зборови, и досега познат како поет со елитистички склоности, со најновата книга `Небесни стражи`, Етернијан потврдува дека своето лирско писмо го адресира пред сè до високата читателска аристократија.“ (Санде Стојчевски)
Questions and Answers
You are not logged in