Небото
Автор:
Пиа Лејно
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Taivas / Piia Leino |
Бр. на страни:
240 |
Димензии:
14 x 20 cm
|
Корица:
мека
„Небото“ е дистописки роман што се занимава со исклучително актуелни теми: климатските промени, растечката нееднаквост во рамките на социјалната држава, моќта на технолошките иновации, потребата на луѓето да живеат во паралелен виртуелен свет, силата на десничарските националистички движења.
Приказната е сместена во поранешната престолнина на Финска, градот-држава Хелсинки, во 2058 година. По граѓанската војна, општеството е драстично променето, а власта ја има преземено националистичкото движење наречено Светлината.
Сите граници се затворени, контактот со надворешниот свет не постои и веќе никој нема визија за посветла иднина. Наместо тоа, Светлината на своите граѓани им ја нуди можноста дел од своето слободно време да го поминат во виртуелно создадениот свет наречен Небото. Токму во тој виртуелен свет, младиот научник Аксели ја среќава Ина. Нивната љубов ќе предизвика промени што ги надминуваат границите на една обична љубовна приказна.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.