Нека играат децата ( IV издание)
Автор:
Денис Бојаров
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
мека
„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот, воопшто. Во голема мера книгата изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки. Нараторот преку гласот на децата, преку родителите, животните и растенијата комуницира со читателот и му дава еден готов производ од ликови и настани од нашето поднебје, со кои сите ние се идентификуваме. Педесет и еден расказ на број, тематски слични, сепак со поинакво сиже и поуки. Ова се раскази што ќе ја поттикнат емпатијата во вас.
Questions and Answers
You are not logged in