Нешто сино

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 340 | Димензии: 21 cm | Корица: мека

Дарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма. Добро, малку е површна, не велам глупава, но таа навистина не сака да се оптоварува со големи или хумани каузи, со проблемите како кризата на блискиот исток или сите тие комплицирани и крвопролевачки настани кои ги следиме на телевизија. Не би можело да се каже дека е дури и засегната со економијата или политиката - едноставно не гледа поента во размислување за тоа. Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед... и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, продолжуваат да функционираат заедно цели 25 години... Дарси живеејќи ултра забавен живот преполн со воодушевувања на новиот моден тренд и попусти низ трговските центри, а Рејчел со нејзините цврсти ставови и мудрост дури нереални за нејзините години. И сè е идеално во нивниот однос... сè додека... сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка - Рејчел?
Рангирано 4.67 од 5 според 3 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 390 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Нешто сино

Категорија:
ИСБН: 978-608-4672-29-6

3 оценки за Нешто сино

  1. Rated 5 out of 5

    Aleksandra Markovska (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Фросина Трајковиќ (верификуван корисник)

  3. Rated 4 out of 5

    elena lazovska (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in