Сè поради еден војвода

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: At the Duke's pleasure | Бр. на страни: 389 | Димензии: 21 | Корица: мека

Во Лондон сите знаат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познавате“.
Но, сега и за најстариот син дојде времето за брак…

Едвард Бајрон, војводата од Клајбурн, има сè што на еден припадник од високите кругови му треба: титула, богатство, углед… Сѐ освен невеста. Должноста бара да се ожени во бракот што многу одамна го договори неговиот татко. Леди Клер Марсден мечтае за Едвард уште од своето детство. Но, откако го слушна рамнодушниот предлог на Едвард за нивниот договорен брак, Клер не е сигурна дека треба да се венча со војводата по кој лудуваат сите благороднички во Лондон и пошироко.

Токму поради тоа започнува сопствена битка и дава неверојатен отпор учејќи го Едвард една важна лекција: за да добие невеста, прво ќе мора да ѝ го подари срцето. Едвард, постојано ја заведува со своите подароци, допири и љубовни предигри, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.

И во ова свое дело, авторката Трејси Ен Ворен (Tracy Anne Warren), не се воздржува работите во љубовта и сексот да ги опише со нивното вистинско име, како што тоа беше во веќе објавените хитови – историските љубовни романи „Сѐ поради еден бакнеж“ и „Сѐ поради еден допир“.

„Дарбата на Трејси Ен Ворен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“ – Romantic Times Book Reviews

„Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“ − Џеклин Ц., Eclectic Book

Цена: 430 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Сè поради еден војвода

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-253-190-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сè поради еден војвода”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in