Невистините и вистините

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Невистините и вистините | Бр. на страни: 304 | Димензии: 200х140 | Корица: мека

Полемичен и критичен. На лагите им се спротивставува со фактите. Аргументите ги изнесува отворено и документирано, како непосреден сведок и еден од главните организатори на македонското народноослободително движење во Егејска Македонија во Втората светска војна и за време на Граѓанската војна во Грција. Раководителите на тоа движење подоцна се поделени и спротивставени, честопати и непријателски насочени, а во таквата ситуација Раковски станува жртва. Во таква улога полемизира, но и компетентно ги анализира настаните во тој период.

Павле Раковски (1913, с. Д. Клештина, Леринско – 1990 година, Скопје) е еден од најистакнатите македонски првоборци и раководители на НОФ во Егејска Македонија. На негова иницијатива е формиран Воденскиот македонски баталјон во рамките на ЕЛАС, составен исклучиво од македонски борци, а е коавтор на македонска азбука од 24 букви, на која се напишани прогласите до македонскиот народ во Воденско, песни и маршот на Воденскиот баталјон. Тој е еден од основачите на македонската организација ТОМО. За време на апсењата од страна на КПГ во 1949 година, по поразот на ДАГ и по Резолуцијата на Информбирото, под обви­не­ние како еден од главните виновници за поразот на ДАГ и како „Титов агент“, Раковски е уапсен (7 октомври 1949) од безбед­носните органи на ДАГ. По долгата истражна постапка, водена во Москва, е осуден на 10 години затвор и е затвореник во концентрационен логор во Сибир.

По нормализирањето на односите меѓу Југославија и СССР, во 1960 година, со своето семејство Павле Раковски се доселува во Скопје. За својата рево­лу­ционерна дејност, тој неколкупати е одликуван од владата на СФРЈ.

Поради поделеноста и несогласувањата на раководните лица на македонското народноослободително движење во Егејска Македонија, набргу по доселувањето во Скопје, Раковски е игно­риран и маргинализиран во политичкиот и професионалниот живот и во тивок бојкот до крајот на својот живот се занимаваше со проучување и анализирање на македонската историја во периодот на НОБ и ДАГ во Егејска Македонија. Остави повеќе илјади документирани записи, сведоштва, анализи и осврти, од кои само сосема мал дел беа објавени за време на неговиот живот. Освен што не беа печатени неговите дела на историо­граф­ска тематика, не беа прифаќани за печат ниту неговите статии предлагани во списанијата. Така, негова­та револуционерна биографија и неговите записи со децении беа чувани „во фиока“, дури и по неговата смрт.

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Невистините и вистините

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-30-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Невистините и вистините”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in