Незадоволна
Автор:
Ксенија Николова
Издавач:
КУЛТУРА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Незадоволна |
Бр. на страни:
217 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
„Ова не треба да биде вака, ова треба да биде поинаку“, зборува некој глас во мене. „Ова не е доволно, од ова треба да има повеќе“, друг глас ми шепоти. „Гледаш ли колку нешта ти недостасуваат?“, повторно слушам глас. „Ќе изменам сѐ. Престанете да ме прогонувате, престанете да ме мачите“, им ветувам. Трчам во круг, ги туркам сите нешта по пат, ги туркам сите луѓе.Не застанувам, продолжувам да трчам. „Патот ми е чист, нема ништо и не гледам никој. Каде е крајот? Остана ли уште нешто?“, од умор едвај зборувам.„Остана“, ми се смеат гласовите. „Што е тоа? Кажете ми, каде е крајот?“, ги прашувам. „Остана уште да се измениш ти“, не престануваат да се кикотат.„Тоа ли е крајот?“, им велам. „Крајот не постои. Тоа е почетокот“, ми се смеат.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.