Никогаш не прифаќај компромис : преговарајте како животот да ви зависи од тоа

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Never split the difference : negotiating as if your life depended on it. | Бр. на страни: 280 | Димензии: 21 | Корица: мека

Поранешен ФБИ преговарач за меѓународни киднапирања и ситуации со заложници споделува нов, но докажан метод за преговарање – ефективен во која било ситуација, со многубројни примени во секојдневниот живот.

Од мрачните улици на Канзас Сити, Мисури, Крис Вос преоѓа во ФБИ, каде што неговата кариера како преговарач при киднапирања го става во ситуации лице в лице со ограбувачи на банки, лидери на банди и терористи. „Никогаш не прифаќај компромис“ ве носи во длабоката внатрешност на светот на преговорите – и тоа оние најважните, најделикатните, каде што може најмногу да се изгуби или добие. Вос ги открива деветте клучни принципи кои им помогнале нему и на неговите колеги тогаш кога било најважно – кога нечии животи зависеле од нивните преговарачки вештини.

Црпејќи од реалните искуства на врвен професионалец, „Никогаш не прифаќај компромис“ ќе ви даде значајна конкурентска предност во секоја можна дискусија.

Цена: 490 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Никогаш не прифаќај компромис : преговарајте како животот да ви зависи од тоа

Категорија:
ИСБН: 978-608-260-224-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Никогаш не прифаќај компромис : преговарајте како животот да ви зависи од тоа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in