Очи со боја на чевли
Автор:
Петар Андоновски
Издавач:
КСЦ/Полица |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Очи со боја на чевли |
Бр. на страни:
/ |
Димензии:
20 цм
|
Корица:
мека
Романот на Петар Андоновски „Очи со боја на чевли“ е дебитантско изненадување. Иако е првенче, книгата носи зрелост во писателскиот израз каков што не се среќава и кај поискусни писатели.
Александра Јуруковска, Дневник
Андоновски покажува огромен книжевен талент да изгради необичен книжевен лик, односно да направи вешта игра на два комплементарни лика, да го прикаже дејството прекршено преку раскажувањето првин на едниот, а потоа на другиот лик, да внесе многу минуциозни детали во раскажувањето и, на крајот, иронично да ја прекрши суровата општествена реалност во позадината на високоестетизираната приказна.
Роберт Алаѓозовски, Економија и бизнис
Додека читав, имав чувство дека гледам филм. Не знам зошто, но пред очи цело време ми излегуваше приказната за Амели Пулен. Можеби поради начинот на кој се раскажани приказните за Ема и Нестор, но можеби и поради тоа што романот е инспириран од фотографија на Јанаки Манаки, па и самиот произведува слики кај читателот.
Ѓоко Здравески, Репер
Оценки
Сѐ уште нема оценки.