Од дното на душата
Автор:
Александра Велинова
Издавач:
КУЛТУРА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
86 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Очигледно, поезијата се восприема, се толкува: односно се открива, се одгатнува, се разјаснува мислата, суштината, се реконструира идејата, се понира по значењата, се откриваат составните, скриените вредности, симболите: се овозможува восприемање на доживувањето, тајната на создавањето на егзегезата, на поетскиот ракопис и постапката, односно навлегувањето во микросветот на песната и согледбите на вибрациите и пулсирањето на Певот. Средбата со поетската книга „Од дното на душата”, упатува на непокорно понирање кон Дното на душата! Значи се случува потрага по непоимливото... Патем не позема случајно подадениот глас, или најзвучната самогласка од поентирањето на песната, но има песни кои ритмично се подаваат и кои се со назначен лирски излив.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.