Одбрани драми
Автор:
Јован Стерија Поповиќ
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Одбрани драми |
Бр. на страни:
243 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
Јован Стерија Поповиќ (1806−1856) бил српски писател, драматург, поет, педагог и истакнат интелектуалец од историјата на српската култура. Напишал и објавил повеќе од шеесет стручни труда меѓу кои и учебници од различни научни области. Заслужен е за организирање на српската средношколска настава, за започнување на иницијативата за основање на Народната библиотека, Академијата на науките, Народниот музеј и на првиот белградски театар, кој бил отворен во 1841 г. со неговата трагедија „Смртта на Стефан Дечански“. Покрај тоа што пишувал историски и патриотски драми, Поповиќ доживеал најголем успех со неговите комедии во кои го покажал својот голем талент. Бил познат како романтичар во драмата и трагедијата, но во комедијата се покажал како вистински реалист при отсликувањето на карактерите и ликовите од своето време, а тоа го правел со цел да го едуцира народот сметајќи дека тоа е основната цел на комедијата. По „Лажење и надлажување“ (Лажа и паралажа, 1830), ја напишал својата најпопуларна комедија „Скржавец“ (Тврдица, 1837), подоцна позната како „Кир Јања“. Стерија напишал и низа пародии како „Измама за измама“ (Превара за превару), „Волшебното магаре“ (Волшебни магарац), „Симпатија и антипатија“ и „Маж вадидуша“ (Џандрљив муж). Во 1956 г. во чест на Ј. Стерија Поповиќ во Нови Сад е основан фестивалот „Стеријино позорје“, кој ја претставува најзначајната театарска манифестација во Србија. Почнувајќи од 1959 г. делата на Стерија се екранизирани во дваесетина филмови меѓу кои се наоѓаат „Лажење и надлажување“, „Маж вадидуша“, „Кир Јања“, „Родољупци“, „Покондирена тиква“ (1838), „Злобна жена“ (Зла жена, 1838), „Љубов, женидба и мажачка“ (Љубав, женидба и удадба, 1841), „Белград некогаш и сега“ (Београд некад и сад, 1853) и др.
Questions and Answers
You are not logged in