Органска хемија, Збирка прашања и задачи со тестови (за трета година гимназиско и втора година средно)

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Органска хемија, Збирка прашања и задачи со тестови (за трета година гимназиско и втора година средно) | Бр. на страни: 212 | Димензии: 205x285 | Корица: /

Ова издание на Органска хемија, збирка прашања и задачи со тестови претставува надополнување и проширување на Националната програма по хемија за III година гимназиско и II година средно стручно образование. Има цел на учениците да им помогне полесно да ги совладаат основните концепти од органската хемија, но и да ги прошири нивните знаења. Освен во редовната настава по хемија, оваа збирка може да послужи и за подготовка на матурски испит по хемија, квалификациски испити за упис на факултет, натпревари по хемија и др., како и да им даде помош на наставниците околу подготвувањето на часовите за повторување на знаењето и за оценување. Секоја од темите опфатени во оваа збирка почнува со кратко теоретско резиме, по што следуваат многубројни решени примери што се состојат од детални одговори и решенија, вклучително и комплетни методолошки упатства што му помагаат на ученикот да ги сфати сложените концепти во органската хемија. Следниот дел, Прашања и задачи за вежбање, се состои од четири типови задачи од затворен и од отворен тип (прашања за дополнување, прашања и задачи со повеќечлен избор, прашања за кои се бара да се изведе заклучок дали се точни или не и, на крајот, прашања во кои ученикот е соочен со конкретни барања). Оваа збирка содржи и по два теста за проверка на знаењето на учениците за секое од тримесечјата, полугодијата, како и годишен тест (вкупно 14). Прашањата, задачите и тестовите се составени од истакнати домашни автори со долгогодишно работно искуство во наставата, а со тоа ова издание на збирката станува незаменливо помагало во наставата по хемија во средното образование.

Цена: 420 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Органска хемија, Збирка прашања и задачи со тестови (за трета година гимназиско и втора година средно)

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-197-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Органска хемија, Збирка прашања и задачи со тестови (за трета година гимназиско и втора година средно)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in