Османлиските султани : од основањето до распадот на Османлиското Царство

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Оsmanlı Padişahları | Бр. на страни: 227 | Димензии: 21х13 | Корица: мека

Османлиските султани претставуваат мит во османлиската историја. Тие обично се опишани или во негативно или во позитивно светло. Според авторот на ова дело; Ерхан Афјонџу, овие османлиски владетели би требало да се анализираат според системот на вредности на нивното време, далеку од нашите денешни сфаќања и идеолошки погледи.

Во оваа книга животот и делото на османлиските владетели се разгледани во светлото на најновите академски истражувања. Наведени се датумите на раѓање и умирање на османлиските султани, годините на нивното владеење, податоци за нивните сопруги, родители и деца и во главни црти се опишани позначајните настани од нивното време.

Авторот Ерхан Афјонџу е еминентен турски историчар и професор по историја на Универзитетот „Мармара“ во Истанбул. Ги објавил следниве дела: „Привидението на Османлиите“ (2005), „Водич за истражување на османлиската историја пред Танзиматот“ (2006), „Одмаздата на Троја“ ( 2009), „Обетката на Јавуз“ (2010), „Османлиската Империја преку прашања и одговори“ (2011), „Сулејман Величествениот“ (2011), „Лажниот месија“ (2013), „Последниот светски поредок“ ( 2014), „Мавзолејот на Сулејман-шах“ (2015), Ќосем − Величествената мајка-султана (2015) и други дела. Афјонџу има објавено и голем број академски текстови од областа на османлиската историја и бирократија, како и написи за османлиските историчари.

Делата на Ерхан Афјонџу се преведени на англиски, германски, кинески, српски, македонски, албански, романски, корејски и арапски јазик.

Цена: 380 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Османлиските султани : од основањето до распадот на Османлиското Царство

Категорија:
ИСБН: 978-608-4794-38-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Османлиските султани : од основањето до распадот на Османлиското Царство”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in