Основа за маркетинг менаџмент
Одлично четиво за сите што сакаат да прочитаат авторитативен елаборат за актуелната маркетинг менаџмент теорија и за нејзината примена во практика. Текстот е така конципиран што овозможува дополнително вклучување на надворешни примери, разни симулации, па дури и на цели проекти. Книгата е создадена како помошна алатка за компаниите, организациите од секаков вид и за индивидуалци што ги приспособуваат своите маркетиншки стратегии кон новите пазарни движења.
„Виновници“ за создавање на ова предизвикувачко дело се Филип Котлер, почесен професор по меѓународен маркетинг на Факултетот за менаџмент „Келог“ при Универзитетот „Нортвест“ од Чикаго (од Европскиот центар за менаџмент тој е прогласен за најистакнат светски експерт за стратешко практицирање на маркетингот) и Кевин Лејн Келер, професор по маркетинг менаџмент и по стратешко брендирање на колеџот „Дартмут“, автор на учебникот „Стратешко брендирање“, кој се применува во врвните бизнис-училишта и во тренинг-центрите на водечките светски брендови.
Конкретно ќе имате можност да прочитате за тоа како треба да се разбере маркетинг менаџментот, за поврзувањето со потрошувачите, за создавањето силни брендови, за формирањето пазарни понуди, за испорачувањето на вредноста, за презентирањето на таа вредност и секако за создавањето успешен долгорочен раст (анализи дали да се врши проширување на странски пазар, на какви пазари да се врши проширувањето, како да се влезе на новиот пазар, каква маркетиншка програма да се примени, како да се организира одделот за маркетинг и какви да бидат релациите на тој оддел со останатите во фирмата).
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Основа за маркетинг менаџмент
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –