Отело, Арапинот на Валона

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Otello, Arapi i Vlorës | Бр. на страни: 352 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Главниот лик во романот, Отело, доаѓа од пустината. И тој е црнец како и Шекспировиот Отело. Купен на пазарот на робови од венецијалнското семејство Контарини, инаку потомци на Марко Поло, Отело се вљубува во девојчето што го зема за да си игра со него, Дездемона, помалата ќерка на семејството Контарини. Отело подоцна судбината ќе го однесе во Валона, каде што ќе помине цели десет години, период во кој доживува страшни моменти, а завршува и во затвор. Сепак, цело време копнее да се врати во Венеција, кај Дездемона, единствениот топол лик за човекот што е туѓинец, не само по потеклото туку и по бојата на кожата. Настаните во книгата се случуваат во периодот 1300–1400 година, во два урбани центри од тоа време – Венеција и Валона, кои имале интензивни трговски и политички односи. Историската заднина е реална. Валона се наоѓа пред турска окупација. Властелинот е убиен во битка, а неговата сопруга го презема водството над градот. Склучува сојуз со Србите, мажејќи ја ќерка си со српскиот благородник Мркша Жарковиќ, кого мештаните го завикале Каси, како Шекспировиот лик. Но Валона не ја спасија од Турците ниту сојузот со Србите, ниту пак Венеција, која беше индиферентна. „Таму каде што се Отело, Дездемона, Емилија, Јаго и Каси, не може да нема љубов, љубомора, изневери, интриги, пакост, страдање и убиства.“ Фатмир Точи
Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Отело, Арапинот на Валона

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-193-2

Questions and Answers

You are not logged in