Персискиот мачор Пек
Автор:
Гао Хонгбо
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Најдобрата кинеска литература за деца - антологија |
Бр. на страни:
248 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
тврда
Персискиот мачор Пек- Гао Хонгбо ТВРДА КОРИЦА Гао Хонгбо (роден во 1951, жител на округот Каилу, Внатрешна Монголија) е раководител на Комитетот за литература за деца при Кинеското здружение на писателите. Има објавено 14 поеми за деца, како: Слонот судија, Гуска, гуска, гуска, Крокодилот каменојадец, Тајната на бујната пролет, Те сакам, Лисица; повеќе од 30 есеи, меѓу кои и Персиска мачка, Пијан сектор, Животна фарса, Воената проза на Гао Хонгбо, Значењето на мастилото и шармот на мастилницата; 11 приказни за деца, вклучувајќи ги Тајната на птичјиот камен, Рибата фенер, Го сретнав зајакот Бубу итн. и осврти, како што се Гуска натоварена со приказни – краток осврт на кинеска и странска литература за деца, Љубовничко дрдорење кон музата. Во 2009 година беа објавени Собрани дела на Гао Хонгбо во осум тома. Добитник е на највисоките кинески награди за книжевност за деца. Во овој том, во избор на авторот, се објавени осумдесетина куси раскази, бајки и басни. Во својот предговор на овој избор, Гао Хонгбо пишува: „Литературата за деца му припаѓа на целото човештво и на светот... Вистината, добрината, убавината, детската невиност, детските широки интереси, детската едноставност, среќата, радоста, возвишената имагинација, вклучувајќи ја и детската литература, се духовни витамини што ги крепат сите народи, исто како и есенцијалниот протеин и калциум. ... Благословот на литературата за деца е благослов на иднината на еден народ. Преведувањето на литературата за деца значи да се преведе еден народ, а тоа е мешавина на слава и гордост.“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.