Пиењето како проблем

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Problem Drinking | Бр. на страни: 240 | Димензии: 156x233 | Корица: /

Овој текст се стреми кон премостување на големата празнина која што постои меѓу модерната научна верзија на природата од проблемите со алкохолот и популарното толкување на таа тема. Конкретно се наведени детални докази и аргументи против општоприфатениот поглед дека „алкохолизмот“ е најдобро да се сфати како болест. Наместо тоа, изложен е алтернативен пристап кон проблемите со алкохолот што вели дека на тој проблем е најдобро да се гледа како на однесување научено од околината.
Со тоа, оваа книга претставува предизвик за општите лекари и за другите професионалци во смисла на преиспитување на својот поглед кон алкохолизмот, а истовремено треба да биде прочитана и од сите останати што на кој било начин имаат допир со оваа проблематика. Од содржината може да се извлечат и доста практични совети што може да им бидат од корист на разни советници, социјални работници и сите останати што работат на промоција на здрав начин на живеење.
Авторите Ник Хедер (центар за проучување на алкохол и на дрога од Њукасл, Англија) и Ијан Робертсон (МРЦ оддел за применета психологија, Универзитет „Кембриџ“, Англија) текстот го формулираа на едно современо ниво со покривање на најкрупните новитети од изминатите години, особено во полето на генетиката. Воедно, ова е прва книга што дискутира за резултатите и за препораките од веројатно најскапата досега студија за алкохолизмот, петгодишниот проект
MATCH, објавен во 1997 година.
Од сето понапред изложено, може да се дојде до заклучок дека ова е доста предизвикувачко четиво што дополнително ја разбранува дискусијата околу прашањето дали алкохолизмот е проблем што треба да го решаваат лекарите или психолозите?
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1390 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Пиењето како проблем

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-71-3

1 оценка за Пиењето како проблем

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in