Пикардов прирачник за препарација и реставрација на забите
Ова издание го подготвија:
Едвина А. М. Кид, професорка по кариологија на Институтот за стоматологија при Кралскиот колеџ во Лондон.
Бернард Г. Смит, професор по конзервативна стоматологија на Институтот за стоматологија при Кралскиот колеџ во Лондон.
Тимоти Р. Вотсон, професор по микроскопија во релација со реставративната стоматологија на Институтот за стоматологија при Кралскиот колеџ во Лондон.
Тие се погрижија најдобро продаваната стоматолошка книга да добие обновување и дополнување со современи сознанија за процесите на болестите и улогата на стоматолошката патологија при справувањето со истите. Нејзината популарност, но и продаваност, се должи на фактот дека таа истовремено претставува и еден вид атлас.
Јасно и концизно се опишани индикациите и методите за многу терапевтски и конзервативни процедури во стоматолошката практика. Процедурите и техниките се илустрирани со слики во боја, при што се оди секвенционално, чекор по чекор.
Додадено е сосема ново поглавје за адхезија и за адхезивни реставрации, бидејќи денес тие претставуваат прв избор при решавањето примарни лезии на сите површини и заби во устата. Задржан е делот за амалгамот, но со дополнителни техники за бондирање, блиску до колчињата каде што како проблем се јавува ретенцијата.
Книгата е примарно наменета за студентите на додипломски студии, но топло се препорачува и за стоматолозите кои со текот на годините западнале во рутината на тоа што го научиле пред дваесет или повеќе години.
Содржината на книгата не се потпира само на научните истражувања, туку и на добиените сознанија од долгогодишната практика, па така доаѓаме до заклучок дека ова издание ја одразува најдобро моменталната состојба во ова подрачје од стоматологијата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 оценка за Пикардов прирачник за препарација и реставрација на забите
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –