Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Pigs might fly : the inside story of Pink Floyd | Бр. на страни: 610 | Димензии: 20 | Корица: мека

Кога Кога свињите ќе полетаат е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издание на историјата на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња е резултат на разговорите што авторот Марк Блејк ги водел со Дејвид Гилмор, Роџер Вотерс, Ричард Рајт и Ник Мејсон и интервјуата со други поранешни членови на бендот, продуценти, соученици, девојки, сценски техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и голем број други луѓе што имале увид во животот на членовите на групата и во нивната работа.

Комбинирајќи ги мислењата и сеќавањата на очевидците, оваа книга ја следи приказната на групата од нејзините корени во Кембриџ до нејзиниот глобален успех со „Dark Side of the Moon“ и нејзиниот горчлив распад во 80-тите години од минатиот век, од нивниот историски собир на Лајв 8 до смртта на основачот Сид Барет во 2006 година и сè што следувало потоа.

Прецизна, возбудлива и амбициозна како и секој нивни албум, Кога свињите ќе полетаат е прогласена за најкомплетна биографија на Пинк Флојд.

Цена: 800 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат

Категорија:
ИСБН: 978-608-4850-63-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in