Писма од Европа

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Avrupa Mektupları | Бр. на страни: 246 | Димензии: 20,5х13,5 | Корица: мека

Џенаб Шехабетин  (1871–1934) бил истакнат турски интелектуалец, поет и писател по потекло од Битола. На шестгодишна возраст со семејството се преселува во Истанбул каде живее до крајот на животот. Шехабетин се испробал во повеќе литературни видови, но најмногу ја сакал поезијата. Прв во турската поезија го употребил сонетот и другите форми на западната поезија. Го бранел мислењето дека единствена цел на поезијата е естетиката и дека на стихот не треба да му се додава никаква друга функција. Употребувал нови поими, симболи и техники за визуелно претставување со што кај него текстот е како една слика или фотографија, а читателот е некој што ја набљудува неа.  Делото „Писма од Европа“ е плод на извонредно широката култура и големата моќ на перцепција на Шехабетин. Ова патописно дело, кое всушност може да се оцени како поезија во проза, читателот го води низ земјите од Балканот и Европа. Тој набљудувајќи ги пејзажите, не добива само сознанија за историјата, географијата, социјалниот и политички живот на тие земји, туку добива и одговори на многу други прашања од науката, техниката, литературата, филозофијата и менталитетот во тие земји и, што е многу впечатливо, може да забележи дека многу впечатоци и оценки на писателот, и покрај временската дистанца, се и ден-денес валидни.

Цена: 300 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Писма од Европа

Категорија:
ИСБН: 978-608-4794-13-4

Questions and Answers

You are not logged in