Платно
Автор:
Бенјамин Штајн
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Die Leinwand |
Бр. на страни:
326 |
Димензии:
140x200
|
Корица:
/
Романот „Платно“ од Бенјамин Штајн беше објавен во Германија во август 2010 (C.H. Beck), а македонскиот превод е првиот превод на овој роман (2011, Блесок, со поддршка од фондацијата С. Фишер и ТРАДУКИ). Бенјамин Штајн е роден во 1970 година во (Источен) Берлин. „Платно“ е негов втор роман. Романот има две лица (без опачина, токму така: двосмислено во секоја смисла) затоа што содржи две приказни, онаа на Амнон Зихрони и онаа на Јан Векслер, кои се сретнуваат на средината од книгата. Можете индивидуално да одлучите како ќе го читате: да почнете со едната приказна, да се префрлите на другата, па повторно да се вратите назад… или да одите до крајот на едната, па после да ја читате другата. Романот на особен начин се занимава со човековиот идентитет, со помнењето и потеклото, притоа нуди особено опширни информации за еврејската религија, мистика и култура, како и за религиозното секојдневие на Евреите. Амнон Зихрони е роден во Ерусалим, во строга верска околија, и има дарба да ги гледа сеќавањата на другите луѓе. После долгогодишното образование во Швајцарија и САД, работи како психоаналитичар, а потоа се враќа во Израел. Јан Векслер е писател и сопственик на литературна издавачка куќа, живее во Минхен. Не може да се потпре на своето помнење и со сигурност да знае кој е и од каде е. Врската меѓу нив двајцата е Мински, кој како дете го преживеал холокаустот и кој пишува книга за своите сеќавања на тоа време (дали е тоа воопшто возможно?).
Оценки
Сѐ уште нема оценки.