Плима

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Paisums | Бр. на страни: 288 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Раскажана во помалку или повеќе обратен хронолошки ред, „Плима“ е психолошка драма за Иева, нејзиниот љубовник, интровертниот сопруг и за начинот на кој нивните младешки одлуки драматично влијаеле врз остатокот од нивните животи.  Освен овие ликови, читателот попатно се запознава и со мајката на Иева, нејзината ќерка, а површно и со нејзиниот брат Павилс и неговото семејство. Сите тие играат улога, колку и да е таа мала, врз развојот на психата на Иева и патот што таа го следи. Стравот и вознемиреноста на Иева, кои читателот ги насетува низ целиот роман, се истите оние страв и вознемиреност што ги чувствуваат многумина во историјата, но особено во модерниот свет со променлива динамика во кој неочекуваното ни се втурнува во животите и нè спречува целосно да се реализираме и да бидеме исполнети.   „Абеле има ретка способност да го открие оној егзистенцијален амбис под површината на секојдневното живеење“.  Гунтис Берелис
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Плима

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-189-5

Questions and Answers

You are not logged in